Дома Фудбал Ковач не ја знае иднината откако му пукна „петарда“ во лице

Ковач не ја знае иднината откако му пукна „петарда“ во лице

Баерн Минхен продолжи со слабите игри и денес доживеа срамен пораз на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Баварците примија пет гола и ја продлабочија кризата, па медиумите веќе почнаа да шпекулираат околу иднината на тренерот Нико Ковач.

„Мојата иднина. Не знам, вие знаете подобро. Како треба нешто да знам по ваков натпревар? Не е важно како се чувствувам, ќе одлучат тие кои се задолжени за тоа. Не мора тоа да го споделувам со вас. Што сакате да чуете од мене?“, нервозен беше Ковач после натпреварот.

Започнавме добро и добивме црвен картон.Натпреварот потоа се одвиваше во насока што не сакавме да оди. Не можете да изгубите 5-1 овде, дури ни со 10 играчи. Направивме многу грешки“, додаде хрватскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор до 2032, а агентот го испитува пазарот: Што се случува со Гравенберх?

Според непотврдено тврдење на Икс, агентот на Рајан Гравенберх контактирал со европски клу…