Дома Фудбал Клучен играч на Сити отпадна за дербито со Ливерпул

Клучен играч на Сити отпадна за дербито со Ливерпул

Првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон поради повреда ќе го пропушти големото дерби со Ливерпул.

Тоа денес на пресконференцијата го потврди тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Бразилецот поради повреда на полувреме беше заменет на мечот со Аталанта во Лигата на шампиони, па нема да успее да се опорави до недела.

„Едерсон нема да може да игра. Не знам колку точно ќе отсуствува, меѓутоа ние имаме уште еден одличен голман. Клаудио Браво ќе биде спремен за игра. Благодарение на него го освоивме Карабако Куп и ФА Купот. Тој е одличен голман и немаме никаков сомнеж во него“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…