Дома Фудбал Клузула во договорот го штити Куман

Клузула во договорот го штити Куман

Слабиот финиш на сезоната на Барселона го натера претседателот Жоан Лапорта сериозно да размислува за отказ на транерот Роналд Куман.

Меѓутоа, шпанските медиуми откриваат дека тоа скапо ќе ги чини Каталонците. Имено, Холанѓанецот ќе добие отштета од 7,5 милиони евра доколку добие отказ.

Куман има договор на уште една година, а во него има клаузула која му обезбедува 7,5 милиони евра при случај на отказ.

Тоа е вистока сума за клуб кој има финансиска криза и кој има потешкотии со платите на фудбалерите.

Поради тоа каталонски „Спорт“ тврди дека не е сигурен отказот на Куман како што се тврди и дека Лапорта сериозно ќе размисли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…