Дома Фудбал Клоп: A ми рекоа дека трофеите не се освојуваат со деца…

Клоп: A ми рекоа дека трофеите не се освојуваат со деца…

„Во мојата повеќе од 20-годишна тренерска кариера, ова е најспецијалниот трофеј што сум го освоил“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по триумфот на „Црвените“ во финалето на англискиот Лига куп.

Фудбалерите на Ливерпул го освоија Лига купот откако во финалето на стадионот Вембли по продолженијата го совладаа Челзи со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прашањето на победникот го реши Вирџил ван Дијк со гол во 118. минута. За Ливерпул тоа беше рекордна десетта титула во ова натпреварување, додека лондонскиот тим го забележа петтиот пораз во десеттото финале.

Клоп го освои трофејот со „деца“ откако поради повреди не можеше да смета на Алисон Бекер, Мохамед Салах, Дарвин Нуњез, Трент Александер-Арнолд, Џоел Матип, Диого Жота, Тиаго Алкантара, Куртис Џонс и Доминик Собослаи.

„Ми рекоа дека трофеите не се освојуваат со деца. Во мојата повеќе од 20 годишна тренерска кариера ова е најспецијалниот трофеј што сум го освоил“, изјави Клоп за новинарите.

„Понекогаш ме прашуваат дали сум горд на ова или она, би сакал почесто да се чувствувам горд, но денес бев горд на апсолутно се“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…