
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.
Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и ова лето сигурно ќе направи трансфер.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.
Клоп смета дека Аргентинецот ќе биде идеална замена за Вајналдум, кој ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната.
„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола, а Удинезе за слободата на Аргентинецот бара 40 милиони евра.