Дома Фудбал Клоп ја знае големата предност на Ливерпул во однос на Реал Мадрид

Клоп ја знае големата предност на Ливерпул во однос на Реал Мадрид

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим може да биде во предност во финалето на ЛШ.

Клоп е свесен дека во финалето е се возможно и дека неговиот тим игра против најтрофејниот клуб на светот, но се надева на една предност.

„Ќе бидеме свежи. Имаме прилика добро да ги наполниме батериите. На нас ни остануваат 13 денови за одмор од последниот натпревар, додека Реал Мадрид ќе има само 7. Тоа е голема разлика и сигурно дека може да биде важно за финалето.“ – изјави Клоп.

Финалето во Киев се игра на 26. мај, а Црвените вчера лесно го победија Брајтон и на тој начин го осигураа пласманот во ЛШ за следната сезона.

„Сега имаме доволно време да се одмориме и да се спремаме за Реал. Играчите ќе продолжат со тренинзите, но следните денови тоа ќе биде малку полесно, а неделата пред финалето ќе имаме нешто пожестоки припреми.“ – додаде Германецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …