Германските и англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Жером Боатенг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул во јануари го донесе Вирџил ван Дијк, но Клоп е свесен дека се уште има „дупка“ во одбраната, па смета дека Боатенг ќе биде идеален партнер за Холанѓанецот.
Денешното издание на „Билд“ потврди дека Баерн е спремен да продаде четири ѕвезди, а Боатенг е една од нив, па Клоп сака да ја искористи ситуацијата.
Се очекува Ливерпул во следните денови да испрати официјална понуда од 45 милиони евра, што би требало да биде доволно за да ги задоволи апетитите на Баварците.
Боатенг сака да се пресели во Премиер лигата и наводно веќе му кажал ДА на Ливерпул.