Дома Фудбал Англија Клоп: Фудбалот не оди во вистинска насока

Клоп: Фудбалот не оди во вистинска насока

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од победата над Барнли, но не и од тоа што го видел на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клоп посебно му беше лут на судијата Мајк Дин, кој не покажа ниту еден жолт картон, иако според него се играл груб фудбал.

Германецот се налути од грубата игра на Барнли и тврди дека фудбалот полека станува боречки спорт.

„Секогаш треба борба на теренот, но ова беше грубо. Не сум сигурен дека фудбалот оди во вистинска насока, но ова не е тоа што сакаме да го гледаме. Мора да се промени. Сакаме играта да тече постојано, но има ситуации кои мора да се казнат“, вели Клоп.

„Не можете да имате раце на голманот и да кажете дека тоа е фудбал. Не можеме да кажеме дека тоа е нешто што сакаме да го гледаме. Ако ви се допаѓаат тие работи, тогаш подобро гледајте борење”,додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oва е најдобриот стрелец на Африканскиот куп на Нации У17, има 14 години (Фото)

Репрезентацијата на Танзанија во категоријата до 17 години го освои Африканскиот куп на на…