Дома Фудбал Англија Клоп: Стартот од Фелаини над Мане беше чист пенал

Клоп: Стартот од Фелаини над Мане беше чист пенал

Манчестер Јунајтед денес во дербито на колото го совлада Ливерпул со 2:1, а Јирген Клоп смета дека неговиот тим бил оштетен.

Клоп истакна дека неговиот тим имал добри моменти на натпреварот, но и додаде дека неговиот тим мора подобро да се брани.

„Мораме да се браниме подобро во ситуациите од кои примивме погодок. Секогаш можеш да изгубиш дуел од Ромелу Лукаку, но не можеш да остави празен гол…Имавме многу добри момент во текот на двете полувремиња. Бркавме заостанување против Манчестер Јунајтед, а тоа секогаш е тешко“, изјави Клоп.

Германецот не пропушти да ја прокоментира ситуација кога во дуел беа Фелаини и Мане.

„Стартот од Фелаини над Мане беше чист пенал“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маеска покрај Енцо Фернандез сака уште еден играч на Челзи!

Станува збор за Марк Гијуу, 20-годишен напаѓач кој според последните информации стана цел …