Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му се извини на својот колега од Евертон Марко Силва за награлата реакција после постигнатиот гол во последната минута.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После голот во 95-та минута Германецот не можеше да се контролира и избезумен од радост втрча во теренот.
„Веднаш после завршувањето на мечот му се извинив на Марко Силва и му кажав дека имам огромен респект за него и неговиот тим. Беше многу тежок меч, по тежок од останатите дербија“.
„Не беше убаво од моја страна, но се случи. Имам огромен респект кон Евертон и се извинувам уште еднаш. Ова беше навистина фантастична битка од почетокот до крајот“, истакна Клоп по мечот.