Дома Фудбал Клоп се пензионира: Повеќе нема да бидам тренер!

Клоп се пензионира: Повеќе нема да бидам тренер!

Германскиот тренер Јирген Клоп по крајот на минатата сезона реши да замине од Ливерпул, а сега најави дека може да ја заврши кариерата.

Клоп денеска во разговор со германските медиуми потврди дека повеќе нема да биде тренер, односно решил да се повлече од спортот.

„Од денес, тоа е крајот за мене како тренер. Во кариерата ги тренирав најдобрите клубови“, изјави Клоп.

Клоп оди во пензија на 57 години, а во кариерата ги водеше екипите на Мајнц 05, Борусија Дортмунд и Ливерпул. Најдолго се задржа меѓу „црвените“, каде ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четворица стрелци за шестата домашна победа на Струга, следен е Вардар

Струга го победи Скопје со 4-0 и го продолжи беспрекорниот домашен биланс. Стружани со 23 …