Дома Фудбал Англија Клоп насмеан, Билиќ ќе му ја мисли за утрешниот меч: Ливерпул се враќа во полн состав?!

Клоп насмеан, Билиќ ќе му ја мисли за утрешниот меч: Ливерпул се враќа во полн состав?!

0

Сенегалскиот репрезентативец, Садио Мане по долго време одработи тренинг со првиот тим на Ливерпул.

Еден од најдобрите играчи пред еден месец заработи повреда на тетивата, иако првите прогнози покажаа дека надвор од терените би можел да биде околу два месеци, Мане нешто порано се врати на тренинзите.

Уште не е познато дали Клоп ќе го користи Сенегалецот во утрешниот меч против Вест Хем, кој ќе биде предводен од Славен Билиќ. Но, очигледно 25-годишниот напаѓач многу брзо ќе се врати во стартниот состав на Ливерпул.

Германскиот стратег, Јирген Клоп откри дека Мане изгледа е подготвен за продолжување на првенството.

„Мане изгледа доста добро. Ќе видиме дали ќе заигра во утрешниот меч против Вест Хем. На првите тренинзи изгледаше дека е подготвен за половина час игра, но мораме да почекаме да видиме како неговото тело ќе реагира по одработените неколку тренинзи“, истакна Клоп.

Откако Мане се повреди, клубот од „Енфилд“ забележа мака околу реализацијата. Сенегалецот во текот на досегашниот дел од сезоната настапи на пет натпревари и запиша три погодоци.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Англија

Проверете

Уште една клупа останува празна: Нова оставка и покрај пласман на Мундијалот во Русија

Славољуб Муслин, како што е познато, не е единствениот кој успеа да се пласира на СП во Ру…