Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп направи скандал, откако го нарече Купот на Африкански нации мало натпреварување.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тоа неизбежно предизвика реакција кај африканските новинари, кои го нападнаа на пресконференцијата после синоќешниот натпревар против Порто.




„Мислам дека тоа е навреда за играчите, фановите и луѓето на тој континент и сметам дека сте должни да се извинете“, истакна еден од новинарите.




„Не сакав да кажам дека тоа мал турнир, ниту дека Африка е мал континент. Можеби сте ме разбрале погрешно, но се извинувам. Навистина не мислев така“, одговори Клоп.