Дома Фудбал Англија Клоп му пратил порака на Ловрен: Ни недостасуваш!

Клоп му пратил порака на Ловрен: Ни недостасуваш!

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен го напушти „Енфилд“ минатото лето и се пресели во Зенит.

Ловрен помина шест сезони на „Енфилд“, но во последните две сезони не беше во прв план кај тренерот Јирген Клоп.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Откако замина Ловрен, Ливерпул се соочува со големи проблеми во одбраната поради сериозни повреди на Ван Дајк и Џо Гомез.

Клоп во зимскиот преоден рок размислува за нов стопер, а Ловрен откри дека му испратил порака и му признал дека недостасува во Ливерпул.

„Воопшто не ми е жал што заминав од Ливерпул. Пред крајот не бев среќен затоа што не играв. Јирген Клоп тоа добро го знае, а еднаш ми пиша во порака дека му недостигам, но не му одговорив ништо. Сигурен сум дека јас им недостасувам повеќе, отколку тие мене“, вели Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…