Дома Фудбал Клоп: Каде ќе се игра следното финале? Да резервираме хотел

Клоп: Каде ќе се игра следното финале? Да резервираме хотел

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно разочаран после поразот во финалето од Лигата на шампиони.

Сепак, Клоп откри дека тимот ќе го слави крајот на сезоната и покрај тоа што го загуби финалето во ЛШ.

„Да, работите не се случија како што сакавме, но ние продолжуваме по нашиот пат. Ќе се обидеме повторно да се бориме за пехарот. Имавме фантастична сезона и се надевам дека момците ќе го ценат тоа“,  изјави германскиот стратег.

„Каде е финалето следната сезона? Во Истанбул? Само резервирајте хотели, бидејќи имам чувство дека повторно ќе играме финале“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Бернабеу“: Алавес го урна Реал, Белингам заврши со црвен картон!

Алавес победи со 2-1 во Мадрид, иако Реал имаше 24 удари и 74.3% посед. Мбапе само намали,…