Дома Фудбал Англија Клоп и сам уште не знае каде ќе игра новото засилување

Клоп и сам уште не знае каде ќе игра новото засилување

Јирген Клоп призна дека и самиот не е сигурен каде ќе игра најновото засилување на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Такуми Минамино е првото засилување оваа зима, „црвените“ ја активираа неговата откупна клазула од Лајпциг за сума од 8.5 милиони евра.

Меѓутоа Германецот се уште не е сигурен каде ќе игра 24 годишниот фудбалер. Клоп е на слатки маки во офанзивниот дел.

„Како ќе го вклопиме за краток период? Долгорочно нема сомневање дека ќе ни биде од помош. Едвај чекам да почнам да работам со него. Засега не сум сигурен каде може најдобро да се вклопи. Се што знаеме е дека тоа се добри вести за него. Неговите фудбалски вештини се одлични. Кога ќе се придружи на тимот ќе размислуваме конкретно“, изјави Клоп.

Минамино во Салзбург постигна девет гола на 22 натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл во Лос Анџелес: Најдобриот меч на Светското првенство, Нов Зеланд во трилер освои бод против Иран (Видео)

Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе …