Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Холанѓанецот Коди Гакпо би можел да биде единственото засилување на неговиот тим во зимскиот преоден рок.
Во пресрет на дуелот со Брентфорд, Клоп зборуваше за трансфер стратегијата на својот клуб и на сликовит начин ја објасни трансфер политиката.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Доведовме еден одличен фудбалер како Гакпо, а веќе читам наслови за следните засилувања на Ливерпул.Не сакам да разочарам никого, но ние не можеме да си играме како во монопол“, јасен беше Германецот.
„Ние никогаш не го правиме тоа. Тоа е важен дел од нашата филозофија. Верувам и имам целосна доверба во играчите и не можам постојано да го доведувам во прашање нивниот квалитет, барајќи други фудбалери на нивната позиција“, додаде Клоп.
"We cannot play Monopoly!" ❌
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 2, 2023
Jurgen Klopp insists Liverpool will not start 'splashing the cash' after signing Cody Gakpo 📝 pic.twitter.com/oXuaImpvtL