Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп за Рома: Мислев дека е шега!

Клоп за Рома: Мислев дека е шега!

Барселона во првиот меч ја совлада Рома со 4:1, меѓутоа во реваншот „волчицата“ приреди вистинска сензација и со победа од 3:0 го елиминира каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дека ова е неверојатен резултат покажува и реакцијата на Клоп, кој мислел дека станува збор за шега.

„Мислев дека луѓето се шегуваат со мене кога ми кажаа дека Рома ја елиминирала Барселона. Ја респектирам Рома, имаат одличен тим, но не очекував такво нешто. Иако помислив дека е можно“, изјави Клоп.

Неговиот Ливерпул исто така се пласираше во полуфинале, отако со вкупни 5:1 го елиминира Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Многумина ги сметаа за изненадување на Светското првенство: Разочараа, па следи „шут-карта“ за селекторот?

Турција е едно од најголемите разочарувања на Светското првенство, кое се одржува во Канад…