Дома Фудбал Англија Клоп: Засилувања? Ако се случи нешто драматично, можно е

Клоп: Засилувања? Ако се случи нешто драматично, можно е

Германскиот стратег Јирген Клоп порача дека постои шанса Ливерпул да доведе некое засилување во јануарскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасно е дека на лидерот во Премиер лигата во овој момент не му е приоритет доведување засилувања, но Клоп истакна дека се е можно во зависност од ситуацијата.

„Засилувања? Тоа секогаш е можно, посебно ако се случи нешто не предвидено. Среќен сум со тимот кој го имам, но никогаш не се знае. Имаме некои натпревари пред нас и додека можеме да реагираме добро е. Ако се случи нешто драматично, ќе погледнеме какви се опциите. Ако не се случни ништо, нема да реагираме“, изјави Клоп.

Крајот на годината е период кога се играат голем број натпревари, а Ливерпул во период од 15 дена ќе одигра пет натпревари и секој натпревар ќе биде многу важен.

Следниот натпревар Ливерпул го игра на „Боксинг деј“ во среда во 16:00 часот, против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова полуфинале на Мундијалот носи историски преседан, вакво нешто никогаш претходно не се случило!

Стигнавме до завршницата на Светското Првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико. К…