Дома Фудбал Англија Клоп: Дали ќе купиме уште некој? Не сакам да ја расипам забавата!

Клоп: Дали ќе купиме уште некој? Не сакам да ја расипам забавата!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не им даде многу надежи на фановите дека можат да видат нови засилувања на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, но сепак не ја исклучи таа можност 100%.

До овој момент „црвените“ го донесоа Вирџил ван Дијк, но се разделија со својот најдобар фудбалер Филипе Кутињо, па медиумите шпекулираа дека Ливерпул ќе донесе замена за Бразилецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најчестото име кое се поврзува со Ливерпул е Томас Лемар од Монако, но Клоп изјави дека мали се шансите да пристигне некој фудбалер до крајот на преодниот рок.

„Многу е веројатно дека нема да пристигне никој до крајот на преодниот рок. Сепак не можам тоа да го кажам со 100% сигурност. Тоа значи дека ќе ставам крај на сите шпекулации, а не сакам да го правам тоа. Треба да се забавуваме и во следните неколку дена“, одговори Клоп во свој стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан испрати порака до Модриќ – го спомена и Светското првенство

На почетокот се чинеше дека ништо не е сериозно. Италијанските медиуми наведуваат дека мед…