Дома Фудбал Англија Клоп во свој стил: Силни сме, но се уште сме Роки Балбоа…

Клоп во свој стил: Силни сме, но се уште сме Роки Балбоа…

0
klop

Вечерва со натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер стартува новата сезона во Премиер лигата, а очекувањата се Ливерпул и Манчестер Сити да бидат клубовите кои до самиот крај ќе се борат за титулата.

„Црвените“ скоро три децении чекаат на титулата во Премиер лигата, кога и да се блиску, секогаш некој успева пред нив да ја мине целта, но оваа сезона Клоп ќе води и тоа како силен тим.

Во Ливерпул пристигнаа голманот Алисон, Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири.

Клоп тврди дека екипата е спремна за борба за титулата, но и понатаму предност дава на Манчестер Сити.


Следете го Sportski.mk и на


„Планот е да се бориме за титулата. Сакаме да бидеме шампиони на Англија, но што е со останатите клубови? Манчестер Сити е шампион, не изгубија ниту еден играч, а го купија Марез. Воопшто не се слаби. Ние се уште сме Роки Балбоа, а не Иван Драго. Ние сме тие кои мораат да дадат повеќе и да се борат повеќе и тоа мора да биде наш став“.

„Моите лични очекувања се високи. Сакам да го извлечам најдоброто од играчите и да направиме што е можно повеќе. Ова лето потрошивме нешто поголема сума во однос на претходната година. Чекор по чекор стигнавме до нивото да очекуваме борба за титулата, сега мораме да бидеме спремни на таква борба“, изјави Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пирло знае: Интер не може без нив двајца!

Aндреа Пирло смета дека знае поради што Интер не славеше во вчерашниот натпревар против ПС…