Дома Фудбал Англија Клоп бесен: Доколку кажам што мислам би ја добил најголемата казна во историјата

Клоп бесен: Доколку кажам што мислам би ја добил најголемата казна во историјата

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше судијата после ремито во натпреварот против Тотенхем (2:2)

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хари Кејн изедначи од пенал во 95 минута и така го постигна својот стоти гол во Премиер лигата, а само неколку минути претходно не успеа да реализра удар од белата точка.

Тој пенал беше досуден откако Кејн падна по дуелот со Кариус, а на видео снимката можеше да се види дека конткактот е минимален и дека нема основа за најстрога казна. Меѓутоа, голманот на Ливерпул го одбрани тој пенал.

„Па толку контакти и удари воопшто не беа досудени, а потоа за најмалиот контакт беше досуден пенал“.

„Слушнав и дека Ламела бил во офсајд. Судијата дозволи да се игра, а помошникот одлучи поинаку. За првиот пенал, Кејн беше во офсајд, мојата одбрана добро одигра. Лут сум, но не можам ништо да променам. Доколку кажам што мислам би ја добил најголемата казна во историјата на фудбалот. Па во 93 минута се суди пенал само доколку си 100% сигурен“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид п…