Дома Фудбал Германија Клинсман после 10 години презема клуб од Бундеслигата?

Клинсман после 10 години презема клуб од Бундеслигата?

Херта наскоро треба да именува нов тренер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Старата дама од Берлин во моментов е на 15-та позиција во Бундеслигата, а четирите порази во низа би можеле скапо да го чинат Анте Човиќ, за што на големо се шпекулира во германските медиуми.

Во случај да добие отказ, Човиќ на клупата на Херта би можел да го замени поранешниот тренер на Баерн, Нико Коваќ, а во опција е името и на Клинсман.

Поранешниот тренер на германската фудбалска репрезентација моментно е во управниот одбор на Херта, но доколку потрагата по нов стратег не оди добро, челниците на клубот планираат да го постават Клинсман како решение барем до крајот на полусезоната или сезоната.

„Со тоа би се добило на време. Раководството на клубот мирно може да го најде најдоброто решение за клубот, а Клинсман после тоа може да се врати на старото место.“ – пишуваат германските медиуми.

Тој последен пат како тренер во Бундеслигата работеше во 2009. година кога го водеше Баерн, а од тогаш работеше само во САД како селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…