Дома Кошарка Клеј Томпсон стана соиграч со Дончиќ!

Клеј Томпсон стана соиграч со Дончиќ!

НБА ѕвездата Клеј Томпсон во наредната сезона ќе го носи дресот на Далас Маверикс.

Томпсон си замина од редовите на Голден Стејт и сега ќе биде соиграч со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг со кои ќе се обиде да дојде до шампионскиот прстен.

Во Далас Томпсон ќе заработи 50 милиони долари, а последната година од договорот е опција за играчот. Вориорси од друга страна го добија Џош Грин кој веднаш ќе биде испратен во Шарлот.

Нема дилеми дека Томпсон се очекува да биде големо засилување за Далас, а како се ќе изгледа на теренот останува да видиме во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Прво сезонско дерби: Ефремовски верува дека Работнички може до победа

Работнички му гостува на МЗТ Скопје во првата меѓусебна пресметка сезонава. Виктор Ефремов…