Дома Фудбал Останато Клаудио Маркизио започна нова кариера

Клаудио Маркизио започна нова кариера

Поранешниот фудбалер на Јувентус и италијански репрезентативец Клаудио Маркизио започна нова кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот фудбалер поради проблемите со повреда неодамна одлучи да стави крај на кариерата, сега започна нова работа. Маркизио во иднина ќе работи како новинар за „Кориере Торино“.

„Од денес Клаудио Маркизио соработува со Кориере Торино“, стои на насловната страна на овој медиум.

Маркизио веднаш го објави и својот прв текст. Тој пишува за Силвија Романи која беше киднапирана во Кенија во ноември минатата година.

Во текстот Маркизио пишува за посветеност и уделот кој го имал во обидот да се ослободи оваа девојка.

За нејзината судбина една година подоцна не се знае премногу. Единствена информација е дека е префрлена во во Сомалија каде што е држена од исламистичка група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија се засили со Бојан Димоски (Фото)

Македонскиот прволигаш Шкендија промовира засилување за следната сезона, а тоа е македонск…