Дома Останати Тенис Кирјос го нападна и Зверев: Човеку, како може да си толку себичен?!

Кирјос го нападна и Зверев: Човеку, како може да си толку себичен?!

Aлександар Зверев беше еден од учесниците на „Адрија Тур“, турнир кој го организираше Новак Ѓоковиќ и на кој се заразија повеќе учесници.

Поради блискиот контакт со заразените и Зверев доби препораки наредните 14 дена да ги помине во самоизолација. Меѓутоа Германецот не издржа и отиде на забава во Монте Карло. Видеото од забавата можете да го погледнете – тука.

По овој потег на Зверев во јавноста се огласи Ник Кирјос кој овие денови е посебно активен со критики кон Ѓоковиќ. Сега Кирјос го критикуваше Зверев.

„Низ целиот свет се случуваат многу контроверзни работи, а она што ми привлекува внимание е Саша Зверев. Човеку, како можеш да бидеш толку себичен? Како имаш храброст да објавиш дека ќе одиш во самоизолација 14 дена, а после неколку да отидеш на таква забава. Господе, колку себичен може да биде воопшто тенискиот свет?“, реагираше Кирјос.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Додека цел свет го критикува Ѓоковиќ донира!

Овие денови Новак Ѓоковиќ е мета на жестоки напади од целиот свет поради организацијата на…