Денес Шкендија го претстави засилувањето од ривалот Шкупи, Кире Маркоски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Маркоски со тетовскиот клуб потпиша договор на една ипол година. За Шкендија Маркоски е петто засилување во овој преоден рок.
„Желбата на секој играч кој игра во домашното првенство е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што ќе потпишам за Шкендија која создава многу силен тим кој има за цел да ја освои титулата. Верувам дека во Шкендија можам уште повеќе да се развивам како фудбалер, со нетрпение чекам да почне првенството и да го давам максимумот заедно со соиграчите“, изјави Маркоски на претставувањето.
Во кариерата претходно Маркоски настапуваше за Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Академија Пандев и Шкупи.