Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона.
Каталонците и во летниот преоден рок беа заинтересирани за Германецот, но преговорите не се ни одржаа поради лошата финансиска состојба во каталонскиот клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, Кимих на лето би можел да биде на попуст, бидејќи влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен.
Кимих ја стави опцијата за продолжување на соработката на чекање, а може да го принуди Баерн да го продаде на лето.
Барселона ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент бидејќи Германецот е најголема желба на Чави.