Дома Останати Кил е новиот европски шампион, Барселона остана со празни раце

Кил е новиот европски шампион, Барселона остана со празни раце

После точно 574 дена Вардар го предаде тронот. Нов европски шампион е екипата на Кил, која во финалето беше подобра од Барселона(33:28).

Барселона беше голем фаворит пред финалето и без пораз повеќе една година, но Кил го сруши митот за непобедливост на Каталонците.

Предводени од фантастичниот Никлас Ландин на голот, германскиот шампион водеше во текот на целото прво полувреме и дојде до четири гола разлика 13:9.

Во второто полувреме, Барселона не успеа ниту да израмни за на крајот да биде поразена со пет гола разлика.

Никлас Екберг со осум и Сандер Сагосен со седум гола беа најефикасни кај Кил, додека за Барса најефикасен беше Алекс Абелјо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…