Дома Фудбал Лига на шампиони Кике Сетиен: Можеме до трофејот во ЛШ

Кике Сетиен: Можеме до трофејот во ЛШ

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен е оптимист кога е во прашање продолжување на сезоната и успесите на неговиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во ЛШ, Барса во првиот натпревар од осминафиналето ремизираше со Наполи (1:1), а Сетиен верува дека неговиот тим може да дојде до самата завршница на ова натпреварување.

„Веруваме дека можеме да ја освоиме ЛШ. Мораме да подобриме некои работи, но без сомнение веруваме дека овој тим има потенцијал да ја освои ЛШ. Убеден сум во тоа.“ – вели Сетиен.

Првенството во Шпанија ќе биде продолжено на 8. јуни без присуство на навивачи.

Во Барса се надеваат дека можат и до титулата во првенството. Моментално имаат два бода предност пред Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…