Дома Фудбал Останато Киелини: Неста и Пирло ми кажаа да дојдам во МЛС

Киелини: Неста и Пирло ми кажаа да дојдам во МЛС

После 17 години играње за Јувентус, Џорџо Кјелини одлучи да се проба во американска МЛС лига каде што потпиша за тимот на Лос Анџелес ФК.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На денешната прес-конференција Киелини откри дека Андреа Пирло и Алесандро Неста го советувале да се пресели во МЛС.

„Апсолутно сум задоволен што го избрав овој клуб за себе во овој момент. Пред одлуката разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, а тие претходно ми рекоа дека треба да дојдам во МЛС“, изјави Кјелини, а потоа продолжи:

„Очигледно е дека има разлики. Фудбалот се игра поинаку од оној во Серија А, но секој тим има свој стил. Овој тим е совршен за мене бидејќи има многу млади играчи. Нивниот младешки ентузијазам и моето искуство се совршена мешавина за напредок на клубот“, заклучи Кјелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…