Федерико Киеза, еден од најдобрите фудбналери на Јувентус беше запрашан што мисли за настапот на италијанските тимови во првите натпревари од Лигата на шампионите сезонава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јувентус ќе потсетиме, не игра во најелитното европското првенство, а најмногу е така поради одземените 10 бодови минатата сезона.
„Малку сум вознемирен кога ги гледам натпреварите, ние заслуживме да бидеме таму, но нашето место ни беше одземено. Милан заврши како петти и го доби нашето место да игра во Лигата на шампионите, не заслужија да бидат таму“, изјави Киеза.
Ќе потсетиме, Јувентус беше казнет поради финансиски неправилности и сезоната ја заврши како седми.