Дома Фудбал Англија Кејн бара откупна клаузула во новиот договор

Кејн бара откупна клаузула во новиот договор

Sвездата на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да започне преговори за нов договор со клубот, но има еден важен услов.

Кејн е спремен да потпише но  само доколку во неговиот договор биде вклучена откупна клаузула. Во моментов, претседателот Даниел Леви не се согласува со таква идеја.

Голгетерот во текот на целото лето се обидуваше да се пресели во клуб со поголеми амбиции, имаше договор со Сити, но „граѓаните“ не најдоа заеднички јазик со Тотенхем.

Откако стана јасно дека ќе остане во Тотенхем, клубот е спремен да му понуди нов, многу побогат договор. Напаѓачот бара во договорот да биде ставена откупна клаузула.

Во моментов претседателот Леви не се согласува со таквата идеја, или бара сумата од клаузулата да биде астрономска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погба: Заслужено изгубивме, примаме глупави голови

Францускиот играч за врска Пол Погба беше фрустриран после новиот пораз на Манчестер Јунај…