Дома Фудбал Германија Келн – Лајпциг: „Јарците“ можат да ги изненадат „биковите“

Келн – Лајпциг: „Јарците“ можат да ги изненадат „биковите“

Во последниот натпревар од 29-то коло од германската Бундеслига, Келн е домаќин на Лајпциг. Гостите се фаворити, но букмејкерите го потцениле тимот на Келн кој после паузата игра офанзивно, ефикасно и изненади многумина.

Келн одличен во офанзива, очаен во дефанзива

Келн минатото коло го доживеа првиот пораз по завршувањето на присилната пауза поради КОВИД-19. Тоа беше еден навистина хаотичен натпревар против Хофенхајм кој победи со 3:1. Имаше црвени картони и на двете страни, а Келн промаши и пенал пред крајот на мечот. Освен тоа, на тој меч имаше дури три интервенции од страна на ВАР. Но поразот на Келн дојде во добра игра и ако се погледне статистиката тогаш ќе заклучите дека Келн заслужи најмалку еден бод.

Разочарувачкиот пораз од Хофенхајм пристигна по двете ремија од по идентични 2:2 против борбениот пар Фортуна Дизелдорф и Мајнц. Против вторите, Келн ја загубија предноста од два гола, додека против Дизелдорф губеа со 0:2, но со два доцни гола во 88-та и 91-та минута одиграа 2:2. Интересно, но и на тој меч фудбалерите на Келн промашија пенал и тоа преку истиот фудбалер кој промаши и против Хофенхајм – Ут.

Капитенот на екипата Џонас Хектор треба да се врати во почетниот состав, откако се одмори во предходното коло и тој во средниот ред ќе игра со Хорхе Мере. Мора да запазите на Доминик Дрекслер кој обезбеди три асистенции влегувајќи од клупата во првите два натпревари на Келн, но ништо чудно тој повторно да започне како резерва.

Лајпциг ја загуби битката за титула, Нагелсман делува разочарано

Надежи на РБ Лајпциг за титула во Бундеслигата повеќе и да не постојат, особено по ремито 2:2 на домашен терен против Херта Берлин. Фудбалерите на Џулијан Нагелсман не успеаја да ги следат своите перфоманси од победата над Мајнц со 5:0 четири дена порано.

Слично како и Келн, така и Лајпциг одигра еден чуден и хаотичен меч против Херта. Тие губеа, па израмнија и останаа со играч помалку поради црвениот картон на Халстенберг. Но и покрај тоа го свртеа мечот и поведоа со 2:1, за пред крајот да примат гол за конечни 2:2.

Нагелсман беше фрустриран на прес конференцијата после тој меч, критикувајќи ја одбраната на неговиот тим и веројатно затоа сите очекуваат измени за натпреварот против Келн. Кевин Кампл би можел да се врати во првиот тим откако одмараше против Херта, а Конрад Лајмер повторно би требало да има улога на десен бек. Би требало да стартува и Анџелињо на спротивната бековска позиција со што ќе добиеме речиси нова одбранбена линија. Напаѓачот Јусеф Поусен останува повреден и тој ќе го пропушти и овој меч.

Биковите се фаворити, но Келн изгледа потценето

РБ Лајпциг забележа удобна победи од 4:1, кога овие две екипи се сретнаа на првиот меѓусебен овосезонски натпревар во ноември, откако шведскиот интернационалец Емил Форсберг постигна два гола. Двете екипи имаат одиграно пет натпревари во изминатите три сезони и од нив можете да дојдете само до еден заклучот – секогаш следиме ефикасни натпревари. На петте натпревари секогаш паѓале голови и на двете страни, а само еден меч завршил со помалку од три гола, односно 1:1.

Како играат двете екипи во оваа сезона, таа традиција би требало да продолжи и овој пат. Келн е доста ефикасен и на последните три натпревари постигна пет гола, но игра слабо во одбрана па прими седум голови на овие натпревари. И Лајпциг игра добро в нападот после паузата, па на трите натпревари даде осум голови, а прими три.

Фаворитската улога секако е на страната на Лајпциг, но Келн игра дома и би требало да даде барем еден гол на овој меч.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.57 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Куман: Нема да бидеме ниту среќни, ниту тажни за Суарез

Луис Суарез на одличен начин дебитираше за Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ја разбија Грана…