Дома Фудбал Каталонците имаат план Б: Ако не запали кај Белерин, ќе го донесеме другиот Шпанец

Каталонците имаат план Б: Ако не запали кај Белерин, ќе го донесеме другиот Шпанец

Барселона сигурно во текот на целото лето ќе бара да се засили на позицијата десен бек.

Како што стојат работите, Барселона нема да може да дојде до Белерин, но Каталонците ќе се префрлат кон Шпанецот, Цезар Аспиликуета.

„Спорт“ пишува дека со пристигнувањето на Рудигер во тимот на Челси, Барселона сега има поголеми шанси да го донесе од лондонската екипа, Аспиликуета.

Инаку, Шпанецот во изминатата сезона одигра 47 натпревари за тимот, а постигна два погодоци и седум асистенции. Неговата вредност судејќи по Трансфермаркт се проценува на 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…