Фудбалот се уште не се вратил, но веќе започнуваат дебатите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонските медиуми започнаа притисок на Ла Лига поради распоредот на натпреварите во првите две кола по враќањето на терените.
Како што е потврдено Ла Лига продолжува на 11. јуни со натпреварот помеѓу Бетис и Севиља, но како и секогаш во центарот на вниманието се Барселона и Реал Мадрид.
Имено, Барса стартува во сабота на 13. јуни во 22:00 против Мајорка на гости, додека во истиот термин три дена подоцна го дочекува Леганес. Значи, помеѓу натпреварите има три дена и точно 72 часа разлика.
Од друга страна Реал првите два натпревари ги игра дома, прво го дочекува Еибар, а потоа Валенсија. И тоа против Еибар играат во недела во 19.30 часот, а Валенсија ја дочекува во четврток во 22:00 часот. Во превод имаат ден повеќе одмор помеѓу натпреварите.
Останува да видиме дали Каталонците ќе бидат погласни. Ќе потсетиме пред прекинот Барса имаше два бода повеќе од Реал Мадрид.