Дома Фудбал Репрезентации Каталонија ќе игра натпревар: Списокот на играчи изгледа солидно, главни ѕвезди се Пике и Чави

Каталонија ќе игра натпревар: Списокот на играчи изгледа солидно, главни ѕвезди се Пике и Чави

0

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике минатата година одлучи повеќе да не настапува за репрезентацијата на Шпанија.

Пике со Шпанија освои се што можеше да се освои, а после Светското првенство Русија објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Но изгледа имал добра причина затоа што сега ќе игра за Каталонија.

Познато е дека Каталонија не може да игра официјални натпревари, но често играат пријателски натпревари. Оваа репрезентација на 26-ти март ќе игра пријателски натпревар против Венецуела, а селекторот Жерард Лопез го објави списокот за овој натпревар.

На списокот се најде Пике, а тука е и неговиот поранешен соиграч од Барселона, легендарниот Чави Ернандез.

Списокот на Каталонија навистина изгледа солидно и покрај Пике и Чави има уште неколку добро познати имиња на европскиот фудбал.

СПИСОКОТ НА КАТАЛОНИЈА: Исак Берчера, Едгар Бадиа, Жерар Пике, Марк Муниерса, Марк Бартра, Дидак Вила, Мартин Монтоја, Алекс Видал, Оскар Мелендо, Виктор Санчез, Жоан Џордан, Ориол Ромеу, Чави Ернандез, Пере Понс, Алексис Гарсија, Алекс Гранели, Сержио Гарсија, Бојан Кркиќ, Марк Кардона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…