Дома Фудбал Касиљас призна: Заминувањето од Реал Мадрид беше грешка!

Касиљас призна: Заминувањето од Реал Мадрид беше грешка!

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас пред точно пет години замина од шпанскиот гигант и се пресели во Порто.

Разделбата не беше воопшто пријатна, Касиљас беше тажен, а ниту навивачите не се помирија со ситуацијата, а сега поранешниот капитен призна дека тоа било грешка.

„Ретко зборував за моето заминување од Реал Мадрид. Бев на пресконференција сам, што беше голема грешка, и заминав. Поминаа пет години откако ја поминав границата со Португалија. Ми беше потребно да чувствувам нешто поинакво. Нова околина, без толку критики и притисок. Во Порто го почувствував тоа“, изјави Касиљас.

Касиљас во февруари ја почна кампањата за да стане претсдател на Кралската шпанска фудбалска федерација, откако минатиот мај имаше срцев напад на тренинг со Порто и се пензионираше.

View this post on Instagram

Pocas veces hablé de mi salida del @realmadrid. Di una rueda de prensa en solitario, error, y me fui. 5 años han pasado ya desde entonces. 5 años que cruce la frontera que me llevó a nuestro país vecino: Portugal. Necesitaba volver a sentirme otro. Tener un nuevo ambiente, abandonar estar tan expuesto a la crítica y querer mejorar. Es así amigos, todos los jugadores (sean buenos o malos) quieren mejorar. Y para ello hay mejorar lo físico y lo mental. Y esto último era importante. En Oporto lo volví a sentir. Que no os cuenten otras cosas. Esta foto es de un Real Madrid vs Getafe, temporada 14/15. Yo ya sabía que iba a ser mi último partido. The Last Match. #iwillcomeback #madrid #buenasnochesmundo🌍

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas) on

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казната нема да влијае: Де Брујн останува во Манчестер Сити!

Патрик де Костер, агент на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн ја коментираше евенту…