Дома Фудбал Касиљас потврди: Ќе се кандидирам за претседател на ФС Шпанија

Касиљас потврди: Ќе се кандидирам за претседател на ФС Шпанија

Поранешниот голман на шпанската фудбалска репрезентација 38 годишниот Икер Касиљас потврди дека ќе се кандидира за претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз на изборите најавени за оваа година.

„Да ќе се кандидирам за претседатал на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Заедно ќе го поставиме нашиот сојуз на ниво да биде најдобар во светот“, порача Касиљас преку Твитер.

Инаку, се споменуваше дека Касљас може да се врати на терените, сепак тоа до сега не се случи. Залениот терен легендарниот голман го замени со канцеларијата во Порто. Во овој момент тој е менаџер на Порто и негова задача е воспоставување на односи помеѓу играчите, тренерот и клупските директори.

Кога е претседателската функција во Шпанија во овој момент на таа позиција е Рубиалес кој во 2018 година го замени 68 годишниот Анхел Виљар кој беше обвинет за корупција.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…