Дома Фудбал Останато Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

Касиљас нема да се врати на терените, доби нова функција

0

Икер Касиљас ќе мора да стави крај на својата играчка кариера после преживеаниот инфаркт, иако шпанскиот голман се противеше на тоа.

Денес неговиот клуб Порто официјално соопшти дека Икер останува, но нема да се врати на терените, туку ќе добие функција на тим-менаџер.

Шпанецот ќе биде задолжен за комуникацијата помеѓу играчите и раководството, како и тренерот Консеисао и Управниот одбор на клубот.

„Во наредниот период ќе правам нешто поразлично од тоа што сум навикат. Ќе се обидам да остварам добра конекција меѓу играчите и клубот. Тренерот побара од мене да бидам блиску до играчите, блиску до најмладите бидејќи ќе има доста промени во тимот. Ќе се обидам да го дадам максимумот и да им помогнам на соиграчите“, изјави Касиљас.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајсторија на Роналдо за Португалија! (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо игра одличен натпревар за Португалија против Литванија. Португалија има …