Дома Фудбал Лига на шампиони Касиљас им се заблагодари на навивачите на Ливерпул

Касиљас им се заблагодари на навивачите на Ливерпул

Искусниот Шпанец имаше порака за навивачите на „црвените“, после вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Порто на „Енфилд“ остана непоразен, натпреварот беше завршен без погодоци, но португалскиот клуб ги заврши своите настапи во елитното натпреварување за оваа сезона поради поразот на доамшен терен од 5:0.

Вчерашниот натпревар веројатно беше само одработување на работата за двете страни, но Касиљас успеа да ја зачува својата мрежа и притоа се истакна со една одлична интервенција, после обидот на Дени Ингс со глава.

Касиљас на стартот на второто полувреме доби голем аплауз од фановите на екипата од „Енфилд“, а тоја момент пријатно го изненадил и воодушевил легендарниот голман.

„Сакам да им се заблагодарам на навивчаите на Ливерпул на тој преркасен детал. Аплаудирањето на играчите од противничките екипи не е честа работа“, изјави легендарниот Шпанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул и Арсенал влегуваат во „војна“ поради фудбалер вреден 69 милиони евра!

Летниот преоден рок носи сè повеќе големи трансферни приказни, а последната пристигнува од…