Дома Фудбал Касемиро: Што ни фали? Се ни фали!

Касемиро: Што ни фали? Се ни фали!

Реал Мадрид вчера не успеа да забележи победа против Виљареал во рамките од Ла Лига „кралевите“ одиграа само 2:2 и тоа благодарение на двата гола на Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фаворитот имаше повеќе удари од домаќините и поголем посед на топката меѓутоа два пати бркаа негатива и спасуваа бод. Ваквиот резултат секако е разочарување во таборот на Реал.

Касемиро беше искрен и порача дека на овој тим му фали се.

„Што ни фали? Се ни фали! Мораме да постигнуваме повеќе голови и подобро да играме во одбраната. Ние сме тим, кога се браниме, се бараниме, кога напаѓаме, напаѓаме“, изјави Бразилецот од таборот на „кралевите“.

Реал нема баш најдобар старт во Ла Лига и на три натпреври освоија пет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља ги шокирал сите во репрезентацијата, цела репрезентација за трансферот дознала од Романо!

Од шпанскиот табор пристигнаа вчудовидените вести. Левиот бек Марк Кукуреља стана нов член…