Реал Мадрид забелжа пораз од градскиот ривал во Суперкупот после продолженија со резултат 2:4.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фудбалерот на Реал Мадрид, Касемиро потенцираше дека заминувањето на Роналдо во Јувентус тешко ќе биде надополнето, но дека екипата мора да ги нападне сите трофеи.
„Секако дека не можеме да ги криеме работите, Роналдо во Мадрид покажа дека е најдобар во светот. Сепак, сега тоа е минато и не смееме да размислуваме за него, тука само за играчите кои ги имаме. Освоивме четири трофеи во последните пет години и не смее да постои изговор за некој пораз“, изјави Касемиро после поразот во Суперкупот.