Дома Фудбал Останато Касано: Роналдо не е ниту во топ 5 најдобри играчи во историјата

Касано: Роналдо не е ниту во топ 5 најдобри играчи во историјата

Италијанецот Антонио Касано повторно предизвика контроверзии со својата изјава.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој пат Касано зборуваше за Кристиано Роналдо и порача дека Португалецот за него не е ниту во топ пет играчи во историјата.

„Дали Роналдо е најдобар во историјата? Во никој случај, доста со тој театар! Тој не е ниту меѓу најдобрите пет. За мене најдобри се Меси, Пеле, Марадона, Кројф и феноменот Роналдо, тие се едно друго ниво“, изјави Касано.

Касано е убеден дека Халанд ќе заигра за Реал Мадрид.

„Добив информации дека Баерн го сакал Халанд, а Левандовски сакал во Реал. Сепак, Реал сака напаѓач за повеќе години, не за една-две. Токму затоа сум сигурен дека Халанд ќе заигра за Реал Мадрид еден ден“, смета Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел: Изборот не беше листа на 26 најталентирани играчи, туку тим!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја информираше јавноста …