Дома Трансфер зона Касано има совет за Милан: Донесете го Ибра… веднаш!

Касано има совет за Милан: Донесете го Ибра… веднаш!

Милан ќе биде многу активен во зимскиот преоден рок, веќе го договори трансферот на Лукас Пакета од Фламенго, но не мисли тука да застане.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ во јануари сакаат да донесат уште еден играч за врска, но и додатно засилување во нападот, а се погледни се шпекулациите за враќање на Златан Ибрахимовиќ.

Постои опција Милан да го донесе Ибра во јануари на 6-месечна позајмица до крајот на сезоната.

Поранешниот фудбалер на „росонерите“, Антонио Касано му порача на раководството веднаш да го доведат Швеѓанецот на „Сан Сиро“.

„Да сум на местото на Милан би го довел Ибра веднаш. Тој е играч од светска класа и прави разлика на теренот. Мислам дека и Гатузо ако постои можност ќе замине во Америка да го донесе во Милано“, изјави Касано.

Касано и Ибрахимовиќ играа заедно во дресот на Милан и го освоија последното Скудето на „росонерите“ во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…