Дома Фудбал Останато Кариус: Рамос никогаш не ми се извини

Кариус: Рамос никогаш не ми се извини

karius

Лорис Кариус ова лето го напушти Ливерпул и до крајот на сезоната ќе настапува во Бешикташ како позајмен играч.

Кариус не се прослави минатата сезона на голот на „црвените“, а после големите киксови во финалето од Лигата на шампионите го изгуби своето место помеѓу стативите на Ливерпул. Едноставно грешките против Реал Мадрид беа премногу.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во истото финале Кариус имаше и еден дуел со Рамос кој го удри со лакт, а после натпреварот беше откриено дека бранел со потрес на мозокот. Новиот голман на Бешикташ е изненаден што капитенот на „кралевите“ не му се извинил поради тој удар.

„Не не ми се извинил. Веројатно го нема мојот број, но можеше тоа да го направи и преку друштвените мрежи. Тој е одичен играч и лично немам ништо против него. Не знам дали тоа го направи намерно, но сега не е ни важно. Единствено тој знае“, изјави Кариус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…