Дома Фудбал Останато Кариус освен што прима пацерски голови сега има проблеми и со однесувањето?

Кариус освен што прима пацерски голови сега има проблеми и со однесувањето?

Германскиот голман Лорис Кариус на крајот на оваа сезона ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кариус веќе втора сезона е на позајмица во Бешикташ и се шпекулираше дека турскиот клуб ќе му понуди договор до крајот на сезоната. Но, медиумите во Турција пишуваат дека тоа тешко ќе се случи.

Во Бешикташ Кариус често прави киксови на теренот, а во последната недела има проблеми и со однесувањето.

Турските медиум пишуваат дека поради прекинувањето на врската со долгогодишната девојка Кариус многу често ноќите ги поминува во ноќните клубови, па тоа сигурно се одразува и на неговите настапи на теренот.

Рака на срце, Кариус и пред тоа не беше нешто подобар и примаше неверојатни голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ги предвиде последните три светски шампиони и сега има свој фаворит!

Кога октоподот Пол во 2010 година точно предвиде дека Германија ќе го освои Светското фудб…