Дома Фудбал Карагер се налути: Ако го казните Евертон, исфрлете го Манчестер Сити во шеста лига!

Карагер се налути: Ако го казните Евертон, исфрлете го Манчестер Сити во шеста лига!

Во јавноста на Островот се појавија најави за можна жестока казна од одземање на 12 бода на Евертон поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Подолого време Евертон е под истрага поради прекршување на правилата на Финансискиот фер-плеј, а сега се појави најава дека ќе им бидат одземени 12 бода.

На оваа тема се огласи легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој порача дека ако Евертон биде казнет тогаш Манчестер Сити треба да биде исфрлен во шеста лига.

„Премиер лигата побара одземање на 12 бода на Евертон со само едно обвинение. Манчестер Сити тогаш нека заврши во Националната лига Север, така би требало ако Премиерлигата постапува исто. Неверојатно е колку се пишуваше за Евертон поради едно обвинение, ќе потсетам дека против Манчестер Сити има 114 обвиненија“, објави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…