Дома Фудбал Капитенот на Јунајтед: Второто место не е доволно, ни требаат титули

Капитенот на Јунајтед: Второто место не е доволно, ни требаат титули

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е задоволен од развитокот на клубот, но порача дека тимот треба да освојува трофеи.

Манчестер Јунајтед заврши на второто место во Премиер лигата, а Мегваер се надева дека наскоро „црвените ѓаволи“ ќе ја освојат титулата.

„Второто место не е доволно. Треба да се подобриме и да почнеме да освојуваме титули во Премиер лигата. Сметам дека добро се развиваме, но едноставно Сити имаше фантастична сезона. Испуштивме многу бодови на глуп начин и следната сезона треба да бидеме посилни“, изјави Мегваер.

Јунајтед во среда игра финале во Лига Европа, па може со важен трофеј да ја заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…