Дома Фудбал Капело: Дресот на Реал му тежи многу на Азар

Капело: Дресот на Реал му тежи многу на Азар

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело смета дека дресот на Реал Мадрид е „тежок“ за Еден Азар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капело во два наврати беше тренер на „кралскиот“ клуб и одлично ги познава приликите на „Сантиаго Бернабеу“.

„Тој не беше играчот кој го гледавме во Челзи, беше повреден и не можеше да се адаптира. Отсекогаш го гледав како голем фудбалер, но дресот на Реал Мадрид е тежок и Азар потона во него оваа година. Јасно е дека следната сезона ќе биде подобар“, истакна Капело, кој потоа го пофали Зидан.

„Мои најискрени честитки, направи одлична работа. Не беше лесно да се освои ова првенство и тој успеа во тоа. Десет победи и реми – импресивно. Тој подобро од сите знае какви се барањата и очекувањата во клубот. Дискретен е, со силна личност и самодоверба“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Валенсија ја заврши сезоната со триумф на…